изрека
мн. изреки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5795
1.
Реченица или низа од зборови со која нешто се изрекува, се соопштува, се јавува.
Примери:
Него го копкаше таа изрека на детето за чудните сенки на крајот од селото.
изрека на пресуда
2.
Изречена мудра мисла, морална поука.
Примери:
народна изрека
латинска изрека
Слично со:
сентенција (ж.)