а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

изјалови

(се) изјаловат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 27691
1. Направи да биде јалов, без плод; обично за животно.
Англиски: sterilize Албански: shterpë
Примери:
Стопанот ја изјалови кобилата со многу товарање штици.
2. Прави да стане нешто неуспешно, без резултат.
Англиски: thwart Албански: prishet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тоа ги изјалови сите наши планови да купиме стан.
3. (се изјалови) Стане јалов, без плод (обично за животно).
Англиски: become sterile Албански: shterpet
Примери:
Кравата се изјалови од многу напорна работа со тек на времето.
4. (се изјалови) Стане неуспешен, без резултат.
Англиски: become futile Албански: pa suskses, prishet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се изјалови работата.
Изведенки
изјаловува несв.
(се) изјаловуваат