а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

инаку

Вид збор: Модален збор
Ранг: 5280
1. Општо, во принцип.
Англиски: otherwise
Примери:
Инаку не беше лошо.
2. во спротивно
Англиски: else
Примери:
Морам добро да се изнасмеам, инаку ќе умрам.
Бегај, инаку тешко тебе.
3. Освен тоа, покрај тоа.
Англиски: beside
Примери:
Со тоа дете таа си зеде уште една грижа на својата, и инаку, мачна глава.
4. за дообјаснување
Англиски: otherwise
Примери:
Сестра ми, инаку наставничка по физика, никогаш не ми прости што заминав да живеам далеку од неа.
5. Всушност, на крајот на краиштата.
Англиски: actually
Примери:
Ѝ го вратив тоа што и инаку ѝ припаѓаше нејзе.