а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

интригант

мн. интриганти
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 55958
Лице што прави интриги, што подметнува невистина.
Англиски: schemer
Примери:
Работејќи со кавгаџии и интриганти ја загубив довербата во луѓето.
Изведенки
1. интригантка ж.
мн. интригантки
2. интригантски прид.
интригантскиот
Што се однесува на интригант.
Пример: Добро ги познаваше интригантските способности на својот соработник.
3. интригантен прид.
интригантниот
4. интригантство ср.
Правење интриги, интригирање.