исечок
мн. исечоци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8572
1.
Текст што е исечен, изделен од некоја книга, весник и сл.
Англиски:
clipping
Албански:
copë, fragment
Го прочита исечокот од весникот за да докаже дека има право.
2.
Дел од некоја целина.
Примери:
Во романот е претставен само еден исечок од животот на главниот јунак.
Временски исечок.