а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

искапе

искапат; искапи, искапете; искапав, искапаа; искапал: искапан; искапев, искапеа; искапел; искапен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7150
1. избања
Англиски: bath Албански: dush
Примери:
Мајката го искапи девојчето.
2. (се искапе) се избања
Англиски: bath Албански: dush
Примери:
Се искапивме во реката.
3. Истече капка по капка.
Англиски: drip Албански: pikoj
Примери:
Нека искапе до последната капка.
4. Накапе, извалка со повеќе капки (облека).
Англиски: stain Албански: pikon
Примери:
Си ги искапа панталоните со восок.
5. За очи - премногу напрегне, измори до солзи.
Англиски: strain Албански: kulloj
Примери:
Очите ми искапаа.
6. За лисја - попадне.
Англиски: fall Албански: bie
Примери:
Лисјата на дрвјата искапаа.
7. (се искапе) се накапе
Англиски: stain Албански: pikon
Примери:
Полека, да не се искапиш.
Изведенки
искапува несв.
(се) искапуваат