а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испита

испитаат; испитал; испитан
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 5857
1. Подложи на испит, изврши проверка на знаењето.
Англиски: test Албански: pyet, teston
Примери:
Ги испита сите кандидати.
2. Изврши испитување, истрага.
Англиски: investigate Албански: heton, investigon
Примери:
Судијата ги испита сведоците и заврши со истрагата.
Треба детално да се испита целата работа.
3. Изврши истражување со опити, проучи (неиспитана област).
Англиски: research Албански: hulumton
Примери:
Научниците го испитаа дејството на гама-зраците врз растенијата.
4. провери, испроба
Англиски: test Албански: teston, provon
Примери:
Ја испита апаратурата.
Изведенки
1. испитува несв.
испитуваат
2. испитување ср.
мн. испитувања
глаг. им.