исповрзе
исповрзат; исповрзи, исповрзете; исповрзав, исповрзаа; исповрзал; исповрзан; исповрзев, исповрзеа; исповрзел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25442
1.
Поврзе повеќемина или повеќе предмети.
Примери:
Ги исповрза жиците за светлото во новата соба.
Слично со:
поврзе (св.)
2.
(се исповрзе) Се поврзе со повеќемина.
Примери:
Сите тие се исповрзале меѓу себе и никој не може да им се противстави.