а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испрати

испратат, испратам; испратив, испративме; испратен; испратете
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 602
1. Прати некому нешто преку посредник (по пошта, по друго лице).
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Го испрати писмото.
Ти испратив некои книги по брат ми.
2. Прати некого некаде да изврши некаква задача.
Англиски: send Албански: dërgoj
Примери:
Го испратија да ја смири ситуацијата.
На семинарот испратија двајца претставници.
3. Придружи некого донекаде.
Англиски: accompany, escort Албански: shoqëroj, përcjell
Примери:
Тој ја испрати до дома.
Бабата го испрати внучето до автобуската станица.
4. (се испрати) Се поздрави на испраќање.
Англиски: say goodbye Албански: përshëndes
Примери:
Се испрати со сите.
Изведенки
1. испраќа несв.
испраќаат
2. испраќање ср.
глаг. им.