а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

испреплете

испреплетат; испреплети, испреплетете; испреплетов, испреплетоа; испреплел; (ќе) испреплетев, (ќе) испреплетеа; (ќе) испреплетел; испреплетен
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 12752
1. Преплете нешто во голема мера.
Англиски: entangle Албански: ngatërroj
Примери:
Ја испреплете боцкавата жица.
2. Усложни нешто.
Англиски: complicate Албански: komplikoj, ndërlikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите додаваа нешто свое и ја испреплетоа приказната со невистини.
3. (се испреплете) Се поврзе со нешто.
Англиски: connect Албански: ndërlidhet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нивните животи од тој ден се испреплетоа.
Изведенки
1. испреплетува несв.
(се) испреплетуваат
2. испреплетување ср.
глаг. им.