а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истепа

истепаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7901
1. Силно, многу натепа некого.
Англиски: beat up Албански: rrah
Примери:
Се собраа тројца и го истепаа.
2. Убие повеќемина или сите.
Англиски: kill Албански: vras
Примери:
Разбојници влегле во селото и многу луѓе истепале.
3. (се истепа) (само во мн.) Се претепаат еден со друг.
Англиски: fight Албански: rrihem
Примери:
Се истепаа за глупости.
4. (се истепа) Се премори, премали од нешто.
Англиски: tire Албански: mbytem nga puna, lodhem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се истепав од работа.
Се истепа од одење.
Изведенки
1. истепува несв.
(се) истепуваат
2. истепување ср.
глаг. им.