а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истера

истераат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2837
1. Извади добиток на пасење.
Англиски: drive Албански: ngjaj
Примери:
Уште не беше разденето, а тој ги истера говедата на пасиште.
2. Избрка некого од некаде.
Англиски: drive away Албански: dëboj
Примери:
Го истераа од училиште.
3. Извади со силен замав, удар, направи да испадне, да излезе нешто од своето место.
Англиски: knock out Албански: godit
Примери:
Го истера клинот од штицата.
4. За растение - израсте до некаде.
Англиски: grow Албански: rrit
Примери:
Истерало житото.
5. Направи нешто целосно.
Англиски: accomplish Албански: kryej
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ја истерав работата до крај.
Денес не истеравме ни половина од тоа што требаше.
6. Успее да заработи.
Англиски: earn Албански: përfitoj
Примери:
Едвај истеруваат колку за лебот.
7. (се истера) Стане, е сличен, се метне на некого.
Албански: ngjaj
Примери:
Се истера на мајката.
На кого се истерал олку умен.
Изведенки
1. истерува несв.
истеруваат
2. истерување ср.
глаг. им.