а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

истроши

истрошат; истрошил
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 13070
1. Потроши до крај.
Англиски: spend Албански: shpenzoj
Примери:
Ги истрошија резервите.
2. Изрони, направи трошки.
Англиски: crumb Албански: thërrmoj
Примери:
Таа истроши малку леб и им го фрли на кокошките.
3. Исцрпи, измори, одземе некому енергија, сила.
Англиски: exhaust Албански: shter
Примери:
Болеста сосема го истроши.
4. (се истроши) Потроши многу пари.
Англиски: spend Албански: shpenzoj
Примери:
Многу се истрошивме за свадбата.
5. (се истроши) се исцрпи, се измори
Англиски: exhaust Албански: lodhur
Примери:
Се истроши и многу ослабе работејќи во две смени.
Изведенки
1. истрошува несв.
(се) истрошуваат
2. истрошување ср.
глаг. им.