итар
итри
Вид збор: Придавка
Ранг: 3973
1.
Што е паметен, интелигентен, умен, но на штета на друг.
Англиски:
clever
Итар си ти, ќе знаеш како да постапиш.
2.
Што е остроумен, снаодлив.
Англиски:
crafty
Со еден итар скок срната им се изгуби од пред очи.
3.
Што е лукав.
Англиски:
cunning
итри трговци
итра измама
Итар Пејо
Слично со:
лукав (прид.)
Изрази
Итра лисица среде стапица - кога некој кој обично е поитар од другите ќе биде изигран.
Итриот и будалата се токму - човекот треба еднакво да се заштити и од итар човек и од будала.
Изведенки
1.
итро прил.
Пример: Итро се насмевна.
Пример: Итро се насмевна.
2.
итрост ж.
итрина
Пример: Од него зрачеше итрост и снаодливост.
итрина
Пример: Од него зрачеше итрост и снаодливост.