како
  
     
     
  
  
      Вид збор: Прилог
    
    
	    
	      Ранг: 60
	    
	
    
    
      
          1.
          Прашален прилог, укажува на начинот на вршење на дејството и состојбата во директни прашања.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Како сте? 
	              
	            
	          
	            
	              Како ви текна? 
	              
	            
	          
	            
	              Како да ти кажам?
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          3.
          За иcкажување споредба.
        
         
	              Како намислиле така и сториле. 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          4.
          За опфаќање два поима, две содржини; и...и.
        
         
	              Им подели како нему така и на другиот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          5.
          За изразување на чудење или несогласување.
        
         
	              Како! Зар не бевте таму? 
	              
	            
	          
	            
	              Како да не се лутам? 
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
          6.
          За изразување можност, веројатност; можеби. 
        
         
	              Како да сакаше да влезе во дворот.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Како-годе; како било - на кој било начин, како и да било, сеедно како.
          
      
        
          
            Како-годе; како било - некако, на некој начин.
          
      
        
          
            Било како било - сеедно како, макар и така како што се случило.
          
      
        
          
            Како каде - понекаде, не секаде.
          
      
        
          
            Како сакало било - сеедно како ќе биде, сеедно што ќе се случи.
          
      
        
          
            Како (да) не! - секако, се разбира.
          
      
        
          
            Како (да) не! - не е така, не е точно.
          
      
        
          
            Уште како! - многу, во полна мера.
          
      
        
          
            Уште како! - за истакнување одлучност; со сигурност, без cомневање.
          
      
    
    
    
 
   
         
	        