калем
мн. калеми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8966
1.
Шуплив дрвен, метален и сл. валјак за намотување конец, преѓа, жица и сл.
Свилениот конец го намота на калем.
Донесе еден калем бакарна жица.
Слично со:
макара (ж.)
2.
Косо пресечено гранче, од сортно растение (овошка, винова лоза, ружа) што се става под кората на друго растение од иста или сродна сорта за да се добие сортно растение.
Примери:
Се уверија дека од крувчето ништо нема да биде, калемот не се фатил.
3.
Калемено растение или дрво.
Примери:
Во дворот имаше калеми што сам ги одгледуваше.
Изрази
Удри му калемот - пресметај.
Изведенки
калемче ср.
мн. калемчиња
дем.
мн. калемчиња
дем.