а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

калем

мн. калеми
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 8966
1. Шуплив дрвен, метален и сл. валјак за намотување конец, преѓа, жица и сл.
Англиски: reel Турски: kalem Албански: kalem, çikrik
Примери:
Свилениот конец го намота на калем.
Донесе еден калем бакарна жица.
2. Косо пресечено гранче, од сортно растение (овошка, винова лоза, ружа) што се става под кората на друго растение од иста или сродна сорта за да се добие сортно растение.
Англиски: graft Албански: shartesë, shartim
Употреба: Ботаника
Примери:
Се уверија дека од крувчето ништо нема да биде, калемот не се фатил.
3. Калемено растение или дрво.
Албански: shartesë
Употреба: Ботаника
Примери:
Во дворот имаше калеми што сам ги одгледуваше.
4. Зашилено перо од трска.
Англиски: pen Албански: penë
Употреба: Архаизам
Примери:
Беше убава како со калем пишувана.
Изрази
Удри му калемот - пресметај.
Изведенки
калемче ср.
мн. калемчиња
дем.