камикаѕе
мн. камикаѕи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 39525
1.
Во Втората светска војна - јапонски пилот самоубиец, што го жртвувал својот живот, уривајќи се со својот авион (торпедо) полн со експлозив врз непријателски брод.
Примери:
Млади пилоти се подготвуваат за речиси сигурна смрт, се сцени од новиот филм за јапонските камикаѕе, самоубиствени мисии за време на Втората светска војна.
2.
Терористи што уништуваат некој објект со експлозив врзан за нивното тело.
3.
Секој што свесно подготвува самоуништувачки дејствија.
Примери:
Илјадници возила низ Македонија се движат како камикаѕе, технички неисправни наместо на отпад како старо железо, тие ги загрозуваат животите на луѓето.
Изведенки
камиказе м.
мн. камикази
мн. камикази