капацитет
мн. капацитети
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6702
1.
Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина нешто.
Слично со:
способност (ж.)
2.
Големина на просторот што ја зазема некое тело.
Англиски:
volume
Албански:
vëllim, kapacitet
капацитет на резервоар
3.
Способност нешто да се направи, да се оствари; сила, моќ, јачина (на поединец, на институција, фабрика).
Примери:
Машинското одделение работи со полн капацитет.
Филмот, телевизијата и радиото се потпираат врз режисерскиот и актерскиот капацитет на македонските театри.
Слично со:
способност (ж.)
4.
Способност на некое тело во себе да собира, да прима електрицитет, топлина, влага и сл.
Примери:
Топлотниот капацитет е определен со производот помеѓу тежината на почвата и специфичната топлина.
5.
Објекти за производство (погони, фабрики, комбинати).
Примери:
важен индустриски капацитет
6.
Човек со големи способности и големо знаење за дадена област.
Примери:
Тој е голем капацитет во областа на физиката.
Слично со:
стручњак (м.)