а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

капаче

мн. капачиња
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 12960
1. капак
Англиски: cap Албански: kapak
Употреба: Деминутив
Примери:
Го заврти капачето на шишето.
Капаче на пенкало.
2. Мала коска, со срцевидна форма, напред на коленото кај човекот.
Англиски: cap Албански: kupë gjunji
Употреба: Медицина
Примери:
Коленово капаче.
Изрази
(ирон.) На секое грне и капаче - на сѐ има одговор, има одговор за сѐ.
Се растркалало грнето, си го нашло капачето - секој ќе си најде друшка спрема себе.
Tие се како грне и капаче - многу се блиcки.