капне
капнат; капни, капнете; капнав, капнаа; капнал; капнат; капнев, капнеа; капнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 7774
1.
Падне во вид на капка (за вода, солза).
Примери:
Му се стори како да капна солза од неговите очи.
На стаклата од прозорецот капнаа неколку капки.
2.
За дожд - заврне малку.
Примери:
Вчера капна малку дожд.
Ова лето не капна дожд.
Слично со:
заврне (св.)
3.
За пари, добивка - пристига по малку, но постојано.
Примери:
Одвреме-навреме ќе капне по некоја пара.
4.
Се премори, ослабне физички.
Англиски:
exhaust
Албански:
rraskapit, këput
Мускулите му капнаа, во нив снага веќе не остана.
Капнаа од чекање.
Во долгите ноќи, иако капната, не спиеше.
Слично со:
премори (св.)
Изрази
Ако не врне, ќе капне - ако нема многу пари, ќе има барем по нешто.
Капни - замрзни - за многу студено време.
Да ти капне раката! - (клетва) да ти отпадне раката.
Изведенки
1.
капнува несв.
капнуваат
капнуваат
2.
капнување ср.
глаг. им.
глаг. им.