а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

карактеристика

мн. карактеристики
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2662
1. Суштествено својство, главна, суштинска црта, особина на некое лице, предмет, појава и сл.
Англиски: feature Албански: karakteristikë
Примери:
Третосложниот акцентен систем е една од битните карактеристики на нашиот литературен јазик.
2. Опис на важните, основни својства на некого или на нешто; оцена, суд за некого или за нешто.
Англиски: characteristics Албански: karakteristikë, tipar dallues, veçori
Примери:
Од тоа дело ќе извлечеме на ова место и сосема кратка карактеристика за неговиот јазик.
3. Документ или нечија изјава за интелектуални, работни, стручни и морални квалитети, општествено-политичка ангажираност на некое лице (ученик, работник).
Англиски: profile Албански: profil
Употреба: Административен термин
Примери:
Можам да пратам за тебе таква карактеристика, што ниту едно градежно претпријатие да не те земе ни за палир.
Во запечатените пликови им ги внесуваа најпотребните податоци од биографиите, карактеристиките од партиската и младинската организација.