каро
(едн.)
Вид збор: Именка, среден род
Ранг: 29516
1.
Карта за играње означено со црвени ромбови.
Примери:
На масата фрли седмица каро.
2.
Шарка, дезен во вид на четвороаголник; ткаенина со таква шарка.
Англиски:
square
Албански:
pëlhurë me lara
Палто на каро.
Каро здолниште.