каса
мн. каси
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6343
1.
Кутија или шкаф, обично од метал за чување пари и вредности.
Примери:
Во железната каса се чуваше злато, меници, накит и други скапоцености.
Слично со:
сеф (м.)
2.
Место каде што cе врши уплата и исплата на парични средства.
Примери:
Појди на каса, налогот е веќе таму.
Билетите се продаваат на касата од театарот.
3.
финансии воопшто, пари
Примери:
Касата на фудбалскиот сојуз.
Државната каса е празна.
4.
Направа со која што се регистрира наплатата, cе пресметува вкупниот износ и се издава белешка.
Примери:
фискална каса, електронска каса