касне
каснат; касни, каснете; каснав, каснаа; каснал; каснат; (ќе) каснев, (ќе) каснеа; (ќе) каснел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 2611
1.
Гризне со заби, боцне со осило, оставајќи трага, рана.
Примери:
По едно време некој се расплака велејќи дека го каснала пчела.
Тој незабележано го касна мустакот.
Козарот го каснала змија во планината.
Касни го јаболкото, а устата веќе ти се збрала.
Слично со:
гризне (св.)
2.
Земе, изеде малку храна.
Англиски:
bite
Албански:
haj, ngrënë
Сега тие се гладни зашто денеска уште немаат каснато ништо.
Цел ден не каснал ни залак.
Слично со:
апне (св.)
3.
Зајаде, навреди, боцне некого со зборови.
Примери:
Неговите зборови го каснаа и го заболеа.
Слично со:
боцне (св.)
Изрази
Змија ме каcна - ме погоди многу со збор, со постапка.
Змија ме каcна - претчувствува нешто лошо.
(посл.) Кој е каснат од змија се плаши и од гуштерица.
Изведенки
1.
каснува несв.
(се) каснуваат
(се) каснуваат
2.
каснување ср.
глаг. им.
глаг. им.