а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

китнест

китнестиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 24180
1. Што е украсен со шари, накит, цвеќе и cл.
Албански: i stolisur
Примери:
Седна на една старинска фотелја со китнести делови на потпирачот за раце.
2. За ракопис, букви - што има многу свијоци, ускраси.
Албански: i qëndisur
Примери:
китнесто пишување
3. За говор, пишана реч, стил - што е украсен со убави, избрани зборови, фрази, изрази.
Албански: i zbukuruar
Употреба: Преносно значење
4. Што има густи гранки и многу лисја.
Албански: me shumë degë
Употреба: Ботаника
Примери:
Дрвјата беа толку убави, китнести, разгранети.
Изведенки
китност ж.