кичер
мн. кичери
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 32656
1.
Височинка со облик на конус со мала шумичка.
Примери:
Кичерот над чешмичката.
2.
Снопче коса изделена од другата коса.
Примери:
Златните кичери коса сѐ уште му се искраднуваат од под капата.
Слично со:
перче (ср.)
3.
За плодови, растенија - собрани на едно место неколку од нив.
Англиски:
cornucopia
Албански:
tufë
И кај нас есента е убава и доаѓа со кичер од плодови.
Слично со:
китка (ж.)