а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клекне

клекнат; клекни, клекнете; клекнав, клекнаа; клекнал; клекнат; клекнев, клекнеа; клекнел
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 3176
1. Се спушти на колена, падне на колена.
Англиски: kneel Албански: bie në gjunjë
Примери:
Тој клекна и почна да се моли.
2. Го спушти телото виткајќи ги колената без да седне.
Англиски: kneel Албански: bie ne gjunjë
Примери:
Почна по тактот на гајдата да прави некакви скокови клекни - стани.
3. Cе потчини, се покори некому.
Англиски: submit Албански: parashtroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Беше подготвена да клекне пред чуварот и да измоли за неговата чест.
Ќе донесам јас овде баталјон, па да клекнете на коленици!
4. Физички ослабне, изнемошти.
Англиски: exhaust Албански: raskapit
Примери:
Тој веќе остаре, клекна под товарот на годините.
5. Ослабне воопшто, попушти.
Англиски: give way Албански: dobësoj
Примери:
Мојата колиба клекна од едната страна.
Тоа може да се случи само како татнеж на земјата, од кој ќе клекнат куќите.
Изведенки
клекнува несв.
клекнуваат