а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клетка

мн. клетки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 6383
1. Основна структурна единица на повеќеклеточните живи организми.
Англиски: cell Албански: qelizë Бугарски: клетка
Употреба: Биологија
Примери:
мозочна клетка
репродуктивни клетки
мускулна клетка
2. Секој дел како градбена единица на нешто.
Англиски: cell Албански: celul, qelizë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Семејството е основна клетка на општеството.
За песната може да се зборува на ниво на основната клетка за нејзината градба - зборот.
3. Во пчеларството - едно окце во сотот.
Англиски: honeycomb Албански: huall
Примери:
Пчелите го собираат поленот, го носат во кошницата и го редат во клетките од сотот.
4. кафез
Англиски: cage Албански: kafaz
5. стапица
Англиски: trap Албански: kurth