клечи
Види и:
клекне (св.)
клечат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 4883
1.
Е на колена, се потпира на колена.
Примери:
Луѓе од разни краишта на земјата клечеле пред светецот.
Клечеше пред иконата и се молеше.
2.
Стои cо свиткани колена, без да се потпира на земјата.
Примери:
Луѓето клечеа околу жарта и го слушаа.
Слично со:
чучи (несв.)
3.
Се потчинува, се покорува некому, моли некого.
Примери:
Јас тебе, еве убаво те молам, на коленици клечам ако треба.
Сигурен беше дека оној што моли, не мора секогаш да клечи на колена.
Му реков дека еден ден ќе клечи и ќе моли, но доцна ќе е.
Изведенки
клечење ср.
глаг. им.
глаг. им.