а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клечка

мн. клечки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 18196
1. Тенка, куса прачка.
Англиски: stick Албански: thupër
Примери:
Момчето со клечка долго чепкаше и риеше во земјата.
2. Тенки и куси дрвца со определена намена.
Англиски: stick Албански: rrëmojcë
Примери:
Веселите дечиња лижеа шеќери на клечка.
Запалува цигара подгрбавен од страв ветрот да не му ја изгаси клечката.
По јадењето зеде клечка и почна да си ги чисти забите.
3. Назив за лице што има висока положба во општеството.
Албански: njeri me pozitë
Употреба: Пејоратив
Примери:
Се крена наголемо, стана клечка и сега се подбиваш со нас.
4. Многу слаб човек.
Англиски: stick Албански: thupër
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Си станал клечка.