клешта
  
    
    
  
  
      
          
             мн. клешти
          
      
    
    
    
      Вид збор: Именка, женски род
    
    
	    
	      Ранг: 12355
	    
	
    
    
      
          1.
          Метална алатка, составена од два дела вкрстени во вид на ножици, што служи за фаќање, cтегање или вадење на нешто.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ковачки клешти. 
	              
	            
	          
	            
	              Забарски клешти.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  
		  Вид: алат (м.)
		  
		  
		  
		  
		  
      
          2.
          Кај некои животни - дел од телото што служи за фаќање на пленот, за земање храна и сл.
        
         
          
		  Примери:
		    
	          
	            
	              Ракот го фати со клештите.
	              
	            
	          
	          
		    
            
          
		  
		  Изрази
      
        
          
            Фати некого во клешти - држи некого во зависна положба.
          
      
        
          
            Со клешти му ги вади зборовите - со мака, на сила го тера да зборува.
          
      
    
    
    
      Изведенки
      
      
        
          
          1. 
          клештиче ср.
мн. клештичиња
дем.
          
          
        
      
        мн. клештичиња
дем.
          
          2. 
          клештичка ж.
мн. клештички
дем.
          
          
        
      
    
мн. клештички
дем.