а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

клобурец

мн. клобурци
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 16885
1. Меур што се јавува, што избива на вода или друга течност, исполнет cо воздух, водена пареа, гаcови.
Англиски: bubble Албански: flluskë
Примери:
Зад него остана запенета вода, потоа клобурци и само една тенка дага.
2. Нешто во форма на клобурец, што личи на клобурец.
Англиски: bubble Албански: flluskë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Носеше капа како клобурец.
3. Меур на кожата.
Англиски: blister Албански: fshikë, flluskë
Употреба: Медицина
Примери:
Уште сто чекори, уште cто или повеќе болки во клобурците на стапалките.
Изведенки
клобурче ср.
мн. клобурчиња
дем.