кове
коват; кови, ковете; ковев, ковеа; ковел; ковен; ковав, коваа; ковал
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 13558
1.
Удира со чекан врз усвитено парче метал, за да му даде определена форма или за да изработи некаков предмет.
Примери:
Ковачот го ковеше железото со тешкиот чекан.
3.
Удирајќи со чекан, забодува остар предмет (шајка, колец) во нешто.
Примери:
Татко ѝ коваше некаква поличка.
5.
Создава, подготвува, смислува нешто (план, заговор, зборови).
Примери:
Во литературата имаме најизразито јазично творештво и тука се кове јазикот.
Луѓето од околината ковеа завера против него.
Тие ковеа планови за нивниот заеднички живот.
Јас ковев страшна одмазда, но знаев деке немам сили да ја остварам.
Изрази
Железото се кове додека е жешко (посл.) - работите се решаваат кога им е време.
Изведенки
ковење ср.
глаг. им.
глаг. им.