кокошка
мн. кокошки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 1598
Домашна птица што се одгледува заради јајцата и месото.
Латински:
Gallus domesticus
Англиски:
hen
Кокошките дотрчаа до буништето и ги зарија клуновите.
Одеше напати и по камарите кај што си несеа кокошките јајца.
Изрази
Оди со кокошките да спие, легнува со кокошките - рано cи легнува.
Јал од кокошка нога - за човек што не знае да чува тајна.
(посл.) Гладна кокошка просо сонува - кога некој постојано зборува за тоа што го сака, што го посакува.