колкав
колкавиот
Вид збор: Придавка
Ранг: 3294
1.
Во прашања за количество - колку голем по обем.
Колкава куќа си купивте?
Со колкава радост го дочека?
2.
Во извични реченици, кога се искажува чудење поради големината.
Колкав пораснал!
3.
Во односни (релативни) реченици во сврзувачка функција за да се изрази споредба врз основа на димензии, заедно со „што“.
Исече едно парче колкаво што му требаше.