колне
колнат; колнам, колни, колнете; колнев, колнеа; колнел; колнет; колнејќи; колнав, колнаа; колнал; колнат
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1375
1.
Гласно кажува зборови со кои посакува несреќа на некого.
Англиски:
curse
Албански:
mallkoj, nëm
Аир да не види - колнеа жените.
2.
Заколнува некого во нешто.
Примери:
Во се те колнам, врати се, сине мој!
3.
(се колне) Уверува, убедува со заклетва во вистинитоста на нешто.
Примери:
Се колнам во честа дека ќе го чувам.
Се колнеше дека ќе ја земе за жена.
Се колнеше во своите предци дека не е грешник.
Изведенки
колнење ср.
глаг. им.
глаг. им.