копач
мн. копачи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6538
1.
Тој што копа земја, што копа во рудник итн.
Примери:
Работи како копач на бунари.
2.
Издолжена тешка метална алатка за копање тврда почва, за копачење, од едната страна рамна, од другата зашилена, cо долга цврста дрвена рачка во средината.
Примери:
Со копачи и лопати ги ископаа темелите.
Вид: алат (м.)
Изведенки
копачки прид.
копачкиот
Што се однесува на копач.
копачкиот
Што се однесува на копач.