котел
мн. котли
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 5523
1.
Голем метален сад за готвење или за греење вода со тркалезен облик, со широко дно и рачка одозгора за закачување.
Примери:
Виси котелот над огништето.
Вид: сад (м.)
2.
Затворен сад во којшто водата со загревање се претвора во пареа.
Примери:
Парен котел.
Изрази
Врие како во котел - има голем метеж, голема мешаница.
Изведенки
1.
котле ср.
мн. котлиња
дем. и хип.
мн. котлиња
дем. и хип.
2.
котленце ср.
мн. котленца
дем. и хип.
мн. котленца
дем. и хип.
3.
котлиште ср.
мн. котлишта
аугм. и пејор.
мн. котлишта
аугм. и пејор.