коцка
мн. коцки
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 5090
1.
Правилно геометриско тело cо шест еднакви квадратни површини.
2.
Предмет со таква форма.
Примери:
коцка шеќер
коцка мраз
коцки на тротоарот
3.
Таков предмет на кој секоја од страните му е обележана со точки или со број од еден до шест и кој се користи во хазардни игри.
Примери:
коцки од домино
4.
Игра на среќа за добивка во пари; хазардна игра.
Англиски:
gamble
Албански:
zar, kumor
Ја изгуби куќата на коцка.
Слично со:
комар (м.)
Изрази
Го става животот на коцка - се изложува на опасност.
Коцката е фрлена - решението е донесено.
Изведенки
1.
коцкичка ж.
мн. коцкички
мн. коцкички
2.
коцкиче ср.
(едн.)
дем.
(едн.)
дем.