кошара
мн. кошари
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 7471
1.
Просторија чии ѕидови се од праќе облепени со кал за чување добиток.
Примери:
Веднаш потоа стоката нагрна кон кошарата, а тој имаше голема мака да ги задржи, да не дозволи да се избодат и изгазат.
Мислеше дека кошарата е доволно обезбедена од налетот на волците.
2.
Таква просторија за луѓе.
Англиски:
den
Албански:
koshare çobani
овчарска кошара
Од кошара палата да направи!
3.
Просторија за чување добиточна храна.
Примери:
Кошарата му е полна со ланска пченка.