коњ
мн. коњи
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 305
1.
Крупно домашно животно од редот на копитарите што се одгледува за работа, транспорт или спорт.
Употреба:
Зоологија
Примери:
чистокрвен коњ
товарен коњ
верен коњ
Го јавна коњот.
Вид: животно (ср.)
4.
коњска сила
Примери:
Колку коњи има моторот?
5.
Тој што работи нешто лошо, што се однесува грубо, несмасно.
Примери:
Полека, коњу еден.
Коњу еден, ништо не знаеш.
Слично со:
глупак (м.)
Изрази
Hа подарен коњ забите не му се гледаат - на подарокот мани не му се бараат.
(Сега) сум (си, е...) на коњ - по поминати тешкотии сум во добра положба.
Од коњ на магаре - падна од подобро на полошо.
Тројански коњ - скриена опасност.