кралица
Види и:
крал (м.)
мн. кралици
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 3115
1.
Жена владетел во монархија.
Ја устоличија за кралица.
2.
Сопруга на кралот.
Се омажи за кралот и стана кралица.
3.
Највпечатлива жена во некоја област или на некое место.
Примери:
кралица на филмот, кралица на вечерта
4.
шаховска фигура
Слично со:
дама (ж.)