кредит
мн. кредити
Вид збор: Именка, машки род
Ранг: 6409
1.
Давање пари, стоки и сл. на користење за определено време и со определена камата.
Примери:
Краткорочен кредит.
Потрошувачки кредит.
Станбен кредит.
2.
Сума што му се става некому на располагање за определени цели.
Примери:
Владата ќе додели земјоделски кредити.
3.
Доверба што ја ужива некој во поглед на извршувањето на своите обврски.
Примери:
Партиите веќе немаат политички кредит кај народот.
Слично со:
доверба (ж.)