криза
мн. кризи
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 2069
1.
Многу тешка состојба, промена кога се очекува или излез, решавање, или крајно лоши последици.
Примери:
Станбена криза.
Политичка криза.
Финансиска криза.
Владина криза.
Воена криза.
2.
Голем недоcтиг на нешто.
Примери:
Криза за леб.
Нафтена криза.
Енергетска криза.
3.
Преломен момент во развојот на некоја болест.
Примери:
Сега е видливо дека му помина кризата и детето оздраве.
Душевна криза.
Нервна криза.
Изрази
Економска криза - тешка состојба во економијата што обично се изразува со голема безработица и осиромашување.