крпеж
мн. крпежи
Вид збор: Именка, машки род
1.
Постојано крпење, живот во сиромаштија.
Англиски:
poverty
Албански:
jetë e harnuar
Не знам што го влече во тој крпеж и беда.
2.
Тоа што е често крпено.
Англиски:
patchwork
Албански:
shpesh e harnuar
Овој костум станал крпеж.
3.
Тоа што е набрзина, лошо направено, скрпено.
Изрази
Крпеж и трпеж куќа врти - треба да се биде штедлив и трпелив, упорен за да cе има живеење.