крстоса
крстосаат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 25399
1.
Постави нешто во облик на крст.
Примери:
Двете момчиња ги крстосаа дрвените сабји.
2.
(почесто несв.) Се движи вдолж и вшир по определен терен или простор.
Примери:
Авионите неколку пати го крстосаа небото.
3.
Спои животни или растенија од различни видови (за добивање хибриди).
Примери:
Ние крстосавме неколку сорти пченица.
Слично со:
вкрсти (св.)
4.
(се крстоса) Се вкрсти, cе сече, cе поставува едно со друго вкрстено.
Англиски:
intersect
Албански:
kryqëzohet
Гранките од едниот ред се крстосиле со гранките од другиот ред.
Изведенки
крстосува несв.
крстосуваат
крстосуваат