крши
кршат; кршел; кршен
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 1314
1.
Со употреба на сила, со удар дроби на парчиња, одвојува од целина, разделува на делови.
Примери:
Тој крши ореви.
Детето ги кршеше гранките од дрвото.
Слично со:
раздробува (несв.)
3.
Не се придржува кон обичај, договор, норма, закон.
Примери:
Крши закон.
Крши правила.
4.
(се крши) Се распарчува, се рапаѓа на делови.
Примери:
Се крши стаклото.
Слично со:
распарчува (несв.)
5.
(се крши) се двоуми, се колеба
Примери:
За таа работа тој многу се кршеше.
Слично со:
колеба (несв.)
6.
(се крши) Се обложува со некого кршејќи јајце, јадец.
Примери:
Ајде да се кршиме.
Изрази
Крши глава! - бегај подалеку од мене, прави што сакаш.
Крши прсти - силно, очајно тагува.
Кршат копја - се натегаат, се расправаат околу нешто.
Изведенки
кршење ср.
глаг. им.
глаг. им.