а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лабав

лабави
Вид збор: Придавка
Ранг: 16710
1. Што не е добро прицврстен, што не е затегнат.
Англиски: loose Албански: i dobët, i lëshuar
Примери:
лабаво јаже
лабава жица
2. Што е попустлив, нестабилен, колеблив.
Англиски: loose Албански: i dobët, i pasigurt, i pavendosur
Употреба: Преносно значење
Примери:
лабава дисциплина
лабав тренер
3. Што не е сигурен, што не е убедлив.
Англиски: unconvincing Албански: i pasigurt
Употреба: Преносно значење
Примери:
лабави докази
Изведенки
1. лабаво прил.
Пример: Лабаво се држеше за оградата.
2. лабавост ж.
Пример: Поради неговата лабавост, работата нема да ја завршиме навреме.