а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

лебди

лебдат; лебдел; лебдејќи
Вид збор: Глагол, несвршен
Ранг: 3645
1. Плови на површината на некоја течност или во воздухот зашто е полесен, не потонува, ниту паѓа.
Англиски: float Албански: lundroj
Примери:
Чамчето лебдеше на брановите.
Птицата лебдеше на ветрот.
2. За нематеријални нешта - изгледа како да плови или да лета.
Англиски: float Албански: lundroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сенките лебдеа над прозорецот.
3. Се чувствува лесен, како да лета, понесен од силни чувства.
Англиски: levitate Албански: pluskon në ajër
Употреба: Преносно значење
Примери:
Лебди од среќа.
Лебди од возбуда.
Изведенки
лебдење ср.
глаг. им.